моќ

Кој е клучот за моќ

моќ

Зборот “моќ” само на Балканот има различно значење. Насекаде во светот – да бидете “моќни” значи дека сте способни да ги постигнете резултатите што ги посакувате и притоа да создадете “вредност” за другите луѓе. “Способност” да си го промените животот, да направите нештата да работат за вас, а не против вас.

Низ историјата, моќта се гледала во кралството кое се владее и во имотот кој се поседува. Денес е малку поразлично. Еден од најголемите извори на моќ е “знаењето”.

Новата класа на луѓе, својата моќ не ја црпи од парите, ниту од земјата, ниту од капиталот, туку од знаењето кое го поседува.. и, начинот на кој комункцира. Дури, најбитно од сѐ, е како комуницира, првин со себе, а потоа со другите луѓе.

“Клучот за моќ” ни е на располагање на сите

Може да се најде во секоја книжарница, во видео запис или аудио книга. Постојат и огромен број на други неисцрпни извори. Информациите се достапни насекаде околу нас. Но, ако сѐ е достапно, зошто некои луѓе постигнуваат фантастични резултати, додека другите едвај постигнуваат или се мачат да преживеат?

Во што се состои разликата помеѓу нив? – Во “дејствието кое ќе го превземат”, при поседување на “информацијата”; “знаењето” кое го имаат и “начинот на кој комуницираат”.

.. Едноставно, тајната е во “акцијата”. Тука, знаењето претставува само “потенцијална моќ” , сѐ додека не дојде во рацете на “некој”, кој знае како да се “натера” да превземе делотворна акција.

Најуспешните во светот одлучуваат многу брзо, и потоа, превземаат голем број на акции, за да го остварат тоа што го одлучиле. Оние другите, ќе одлучат, ќе превземат една акција, и бидејќи таа е неуспешна, веднаш се откажуваат. Не превземаат втора, трета.. Не се ни обидуваат.

Вистинската моќ се споделува, не се наметнува. Така велат оние кои се многу моќни и значајни “по делата” во историјата. (Warren Buffett, Richard Branson, Steve Jobs, Elon Musk, Nelson Mandela, Bill Gates, Jack Ma, Dalai Lama и тн, и тн.).

Ако нивните дела говорат повеќе, од тоа што го зборуваат, тоа значи дека се во право.

Емма