Време е за емоционална детоксикација на умот, духот и телото или целосно енергетско чистење, доколку се чувствувате несигурни, фрустрирани или постојано сте под стрес и нервозни. Можеби имате хронична напнатост (на пример, напнатост на вратот и рамената ) или анксиозност? Се чувствувате оптоварени од вашето минато? Чувствувате вина, лутина, љубомора, страв или срам? Сензитивни сте, ви сметаат многу нешта и наоѓате маани на сѐ околу вас?
Емоциите што сте ги собрале во текот на денот или ги носите со месеци или години, може да направат таков товар, што ќе придонесе да ви се наруши внатрешниот мир и почнувате да бидете сензитивни на секоја ситуација или личност околу вас.
Практиките за емоционална детоксикација на умот, духот и телото постојат илјадници години. Многу од нив се едноставни, ефтини или бесплатни и можете да ги користите во секое време и во моментите кога чувствувате потреба од нив.
Овие практики ќе ви помогнат да се ослободите од емоциите кои ве напнуваат и, користејќи ги често, ќе постигнете целосно емоционално ослободување:
Емоционална детоксикација преку броење на здивот
Она што најповеќе го сакам кај броењето на здивот е дека можете да почувствувате целосно ослободување, односно смирувачко чувство, само за неколку минути.
Броењето здив е начин да го продолжите вдишувањето и издишувањето. Кога вежбате броење здив, ќе го продолжите дишењето. Со длабок здив во стомакот ќе се прошири како балон. Како што издишувате, вашиот папок ќе се движи кон ‘рбетот додека стомакот ви го намалува здивот.
За да го поддржите овој начин на дишење, броете полека 1 … 2 … 3 при вдишување (надувување на долниот дел на стомакот) и 3 … 2 … 1 при издишување (издишување на долниот дел на стомакот).
Кога дишете на овој начин неколку циклуси, не само што го зголемувате нивото на кислород во вашето тело, туку и вашата способност да ослободува јаглерод диоксид. Циркулирањето на кислородот и ослободувањето на јаглерод диоксид е од суштинско значење за емоционалното чистење.
Слушање на звуци со висока фреквенција
Слушање на звуци со висока фреквенција, односно одредени вибрации што се пренесуваат преку кристални чинии, пеење, ѕвончиња, дожд, бранови од море или друг систем, предизвикуваат чувство на благосостојба и ослободување од емоционална траума. Дава смирувачки и исцелителни ефекти и го подобрува фокусот.
Нашите тела содржат 70 до 80 % вода, затоа овие вибрации се движат многу лесно и природно низ нашето тело. Во моментот на слушање, веднаш дава олеснување и ги смирува сите сензации во целото тело. Ќе приметите дека земате неколку длабоки вдишувања и издишувања за време на процесот.
Тоа може да се доживее и како состојба слична на сон или подлабока состојба на свеста. Не бара никаков обемен или исцрпен напор. Се што треба да направите е да ја најдете фреквенцијата која во моментот ви одговара, да легнете во лежечка положба и да се опуштите.
Емоционална детоксикација преку водење на дневник
Еден од најпопуларните начини за да го смените она што го чувствувате како тегоба, е да ги запишувате вашите чувства. За некого можеби ова звучи смешно, но само сетете се- кога ги запишувате вашите листи со задачи, забележувате како вашиот ум оди нанадвор и талка. Ги бара информациите кои ви се потребни во моментот.
Но, кога пишувате дневник на емоции, се прилагодувате на она што го чувствувате, во моментот. Вашата свест автоматски се врти навнатре. Процесот на движење навнатре е клучен за емоционална детоксикација. Не грижете се за структурата на реченицата или интерпункцијата, само дозволете вашата свест да падне во себе за да можете да ги извлечете сите чувства што можеби ги закопувате.
Емоционална детоксикација преку гледање во огледало
За оваа практика ви се потребни три до пет минути за да се погледнете во очи во огледалото. Ова е многу различно од начинот на кој обично се гледате во огледало за да се шминкате или да ја поправите косата. Гледањето во огледало е за воспоставување контакт со очите со себе. Ќе бидете изненадени колку моќно може да донесе емотивно ослободување. Гледањето во огледало е повеќе моќно кога на глас изговарате мотивирачки реченици. На пример, -Вредиш. Те сакам и тн. Со изговарање на секој збор, додадете го вашето име. Тогаш ќе почувствувате огромна самодоверба и љубов кон себе и другите.
Често читање на мотивирачки цитати во текот на денот
Една од најважните практики во текот на денот е држење на фокусот на убави работи, свесност за себе и континуирано одржување на високо ниво на својата енергија.
Многу е важно покрај себе да имате мотивирачки цитати, пораки кои ќе ве потсетуваат дека вие сте важни, дека имате цел во животот и да ви помогнат да не потпаѓате под притисок во било која ситуација. Да најдете решение и излез, секогаш.
Гледајќи ги цитатите и читајќи ги секојдневно, ви даваат насоки како да го подобрите расположението, здравјето, финансиите, љубовта, и ве “тераат” да го искачите животот на повисоко ниво.
Нешто на кое најповеќе сум горда, а и вие исто така, затоа што ми давате повратни информации за тоа, дека навистина “Мојот Планер За Убав Живот“ ви го држи фокусот секој ден само на убавини и дека преку него наоѓате радост, среќа и решенија.
“Мојот Планер За Убав Живот“ има 108 страници. На секоја страница има рачно изработени цртежи, со мотивациски цитати за секој ден и секое поле од животот. Aвторско дело, објавен на повеќе јазици. Нарачки можете да направите тука.
Со многу љубов,
За повеќе и подобро,
Емма