Мудра приказна за глушецот

Мудра приказна за себичност- Кога некој од нас е загрозен, сите сме во опасност

Мудра приказна за себичност: Оваа приказна нѐ потсетува дека понекогаш сме себични и мислиме само на себе, но сите сме поврзани меѓусебно и сѐ што правиме влијае на сите нас.

Еден ден, глушецот гледајќи низ пукнатина на ѕидот, ги видел мажот и жената како отвораат една кеса.
– Каква ли храна има во кесата? се прашуваше тој.
Но, наместо храна, домаќинот извадил стапица за глувци. Глушецот полудел. Трчал низ дворот и ги предупредувал сите животни за опасноста, извикувајќи:

– Во куќата има стапица за глувци!
– Во куќата има стапица за глувци!

Кокошката, наведната надолу, земајќи храна, ја крена главата и викнала:

– Господине Глушец, тоа е ваш проблем. Нема никаква врска со мене. Што ми е мене грижа за стапицата за глувци?
Не можам да се нервирам за обична стапица за глувци.

Глушецот се свртел кон свињата и извикал:
– Стапицата за глувци има во куќата
– Стапицата за глувци има во куќата!

Свињата сочувствуваше, но рече:
– Многу ми е жал, господине Глушец, но ние свињите никогаш не влегуваме во куќата, ниту пак во стапица.

Глушецот се упатил кон кравата.
– Стапицата за глувци има во куќата
– Стапицата за глувци има во куќата! Кравата од вознемиреност ја сврте главата и рече:
– Ох, господине Глушец, жал ми е за вас, но нема да го пикнам носот во стапица за глувци.

Така, глушецот се враќа со наведната глава кон куќата за да сам се соочи со стапицата.

Таа ноќ се слушна чуден звук во куќата – како кога стапица го фаќа пленот.
Домаќинката стана и побрза да види што е тоа што е фатено во стапицата.
Во мракот, таа не виде дека стапицата за глувци ја фатила опашката на отровната змија.
Во тој момент, змијата ја гризна.
Мажот брзо ја однел жената во болница. Таа се врати следниот ден, но имаше висока температура.

Во тоа село, температурата се третираше со свежа пилешка супа, па мажот зеде една кокошка од дворот и направи супа.
Ништо не помогна. На жената и се влошуваше состојбата.
Роднините и пријателите дојдоа од далеку да ја посетат.
За да ги прехрани, мажот испече свиња.
За жал, жената не се опорави, подлегна на отровот од змијата.
Многу луѓе дојдоа на погребот.
Мажот морал да ја продаде кравата на месар за да има пари за погребот.

Глушецот, низ својата пукнатина во ѕидот, со огромна тага го гледал сето тоа.

Преку оваа мудра приказна за себичност, извлекуваме поука:

Кога ќе слушнете дека некој се соочува со проблем и мислите дека не ве засега, запомнете:
– Кога некој од нас е загрозен, сите сме во опасност!
Сите сме вклучени во тоа патување наречено „живот“. Треба да се грижиме едни за други, а понекогаш и да вложиме дополнителен напор да охрабриме или да помогнеме некому.