што мислат другите за тебе

Што мислат другите за тебе? Мудра приказна

Мудра приказна за тоа, што мислат другите за тебе, која мене ми го смени животот уште многу одамна кога ја прочитав и секогаш кога ќе ми поминуваше некоја таква мисла, само ќе се сетам на сликата со брачниот пар и магарето и веднаш ќе престанеа мислите од тој тип.

Приказна која вреди да се прочита секогаш кога и да се појави пред нас

Си живееше еден брачен пар кој имаше магаре. Тие одлучиле да патуваат низ светот заедно. Двајцата се качиле на магарето и тргнале на пат. Кога стигнале во првото село, луѓето коментирале: “Погледнете ги овие луѓе – Греота за магарето. Срамота! Двајцата седат на него, магарето ќе падне од големата тежина”.

Тогаш жената му кажала на мажот: “Не смееме да дозволиме луѓето лошо да зборуваат за нас” и жената станала, мажот седнал на магарето. Така одејќи по патот, сретнале други луѓе. Тие мрмореле:

“Срамота, каков е овој човек, додека тој седи, жената го влече со магарето. Тие ги слушнале и одлучиле жената да седи на магарето, а мажот да го влече. Сретнале други луѓе, а тие веднаш искоментирале:

“За греота човекот, цел ден работел, сега го влече магарето, кој знае што уште го чека со таква жена”. Ги слушнале луѓето и одлучиле двајцата да одат покрај магарето. Кога по патот сретнале други луѓе кои се смееле:

“Види какви две будали. Имаат магаре, а двајцата одат пешки.”

Што мислат другите за тебе- поука

Што и да направите, никогаш нема да ги задоволите сите луѓе, тие секако ќе зборуваат. Мислењето на другите е само нивно мислење и нема апсолутно никва врска со вас. Луѓето гледаат во вас, какви се тие и го зборуваат тоа, од нивното ниво на свест и нивната перцепција, која всушност има врска само со нив, а не со вас. Гледај ја личноста и само приметувај, какви зборови излегуваат од нејзината уста. Како зборува за другите луѓе кога вие сте присутни. Среќна личност ли е тоа?

Запомнете дека само среќните и задоволните луѓе можат да зборуваат добро за другите. Сите останати само ја искажуваат на глас својата несреќа и незадоволство. Треба да сфатиме дека тие луѓе се многу несреќни во себе. Не знаат на кој друг начин да се усреќат, затоа зборуваат лошо за друг, за да привлечат внимание кон себе, некои велат душевно да се нахранат.

Останете доследни на себе, правите добри дела. Никој не мора да знае за тоа. Вие бидете среќни и задоволни со себе. Оставете другите да го живеат својот живот како знаат и умеат. Вие сте тие кои светот го менува на подобро. Бидете пример за тоа. Сѐ додека правите добри работи, се градите како совесна личност и притоа не му штетите на друг, вие сте успешни и среќни луѓе.

Тие кои треба да бидат со вас и бидат вашата најголема подршка, секогаш се појавуваат во вистинското време.

И едноставно,

  • Не е важно што другите луѓе мислат за тебе, важно е што ти мислиш за себе! Смиљан Мори

За поголеми успеси,

Во ваша чест,

Емма