Не го изневерувај пријателот кога е најтешко

Не го изневерувај пријателот кога е најтешко- Мудра приказна

Не го изневерувај пријателот кога е најтешко-
„Вијај и Раџу беа најверни пријатели. Еден ден, додека беа на одмор, истражувајќи ја шумата, видоа мечка како доаѓа кон нив. Секако, и двајцата беа уплашени, па Раџу, кој знаеше како да се качува по дрвја, брзо се искачи на едно дрво. Тој воопшто не се грижеше за неговиот пријател, кој не знаеше како да се искачи.

Вијај размисли за момент. Тој се сетил дека животните не напаѓаат мртви тела, па паднал на земја и го задржал здивот. Мечката го душкала, мислејќи дека е мртов и таа си отишла по својот пат.

Раџу, откако слезе од дрвото, го праша Виџај:
– ‘Што ти шепна мечката на ушите? ‘

Виџај одговори:
– “Мечката ме замоли да се оддалечам од пријателите како тебе! “

Не го изневерувај пријателот кога е најтешко!

Знаци за нездраво и неискрено пријателство

1.  Се чувствувате исцрпени кога и да разговарате со нив.

2.  Пријателството е еднострано, значи секогаш кога ќе разговарате со нив или ќе се обидете да споделите со нив, некако муабетот се врти и се враќа кај нив.

3.  Тие не одвојуваат време да ве слушаат или да остават простор за вашите придонеси во разговорот.

4.  Вашето време или граници не се почитуваат.

5.  Тие не ги почитуваат вашите чувства.

6.  Често се чувствувате омаловажено од нив.

7.  Се чувствувате премногу зависни еден од друг, белег на зависно пријателство .

Знаци дека имате вистински пријатели до вас

1. Добрите пријатели ве прифаќаат такви какви што сте.

2. Пријателите се секогаш тука за тебе. Се држат заедно за време на добри и лоши времиња.

3. Вистинскиот пријател го слави животот со вас.

4. Вистинските пријатели ќе имаат време да те видат.

5. Искреност- Вистинскиот пријател ќе ви ја каже вистината, дури и ако не ви се допаѓа.

6. Вистинскиот пријател ве охрабрува да ги постигнете вашите цели.

7. Вистинскиот пријател ни помага да се чувствуваме удобно во нашата сопствена кожа.

8. Доверливост- ги чува вашите тајни и ги исполнува своите ветувања.

9. Добриот пријател е храбар пријател кој ќе стане и ќе ја направи вистинската работа кога никој не гледа, па дури и ако тоа не му користи. 

Доколку имаш барем еден вистински пријател, ти си богат човек.

Со многу љубов,

Емма