подароци

Дадете вредност на вашите подароци, без разлика колку тие изгледаат едноставни

Луѓето се жалат дека подарувањето на подароци станува сè попразно, бездушно, безвредно, досадно и задолжително. Но, проблемот не е во изборот и давање подароци, туку во емоцијата и енергијата со која го правиме тоа.

Сè во нашата физичка реалност има „енергија“ што ја носат луѓето, околностите во кои сме опкружени, местата во кои се наоѓаме, подароците што ги избираме и предметите со кои сме опкружени. Значи, сè што доаѓа во нашето искуство носи своја одредена енергија.

Како се изгуби значењето на подарувањето

Кога чинот на подарувањето ќе го направите на вообичаен начин, без душа, без љубов, како обврска што мора да ја исполните кон вашите најблиски, или уште полошо, обврска што ја бараат празниците, прославите или семејните традиции, веќе сте го изгубиле значењето на подарувањето. Или, вообичаено кога е време за избирање и купување подароци, луѓето се чувствуваат лошо, празно, неволно и така, повторно го губат значењето.

Значи, со каква емоција го бараме подарокот и на кој начин го даваме подарокот и зошто, пресудно е во каква енергија ќе се опкружиме заедно со примачот и целата околина.

(кој дава и зошто + енергијата со која се дава подарокот = додавање вредност на вашите подароци)

Да го вратиме значењето на подарувањето

Да го вратиш значењето на подарувањето значи да им пристапиш на многу поинаков начин, со тоа што ќе им дадеш вредност, на начин што ќе го покаже твојот интегритет, ќе донесе добра емоција, чиста мисла и љубов. Видовме дека има огромна разлика како размислувате за подарокот и што мислите во моментот кога го избирате подарокот и каква емоција имате за личноста на која го подарувате.

Подароците што ги дава лута, нетрпелива, огорчена личност се многу различни од оние што ги дава љубезна, со отворено срце и трпелива личност. Подароците што некој ги избира и ги дава набрзина се многу различни од подароците што ги дава некој што трпеливо го бара предметот и мисли дека тој подарок ќе ја донесе најголемата насмевка на лицето на личноста кога ќе го прими.

Важно е да се потсетиме „зошто“ го даваме секој подарок

Иако не можеме да контролираме како и зошто другите ни даваат подароци, но секогаш можеме да внимаваме како им подаруваме на другите.

Наша должност е да бараме, купуваме и да даваме со душа, срце, љубов, добрина, трпение и интегритет на луѓето кои ни се важни во нашите животи. Поради нив, важно е да додадете вредност на вашите подароци. Можеме да им дадеме подароци само на оние на кои навистина сакаме да им дадеме од срце, наместо на оние на кои им даваме од обврска. Можеме да дадеме без да очекуваме дека ќе добиеме нешто за возврат, наместо да се вклучиме во несвесното „давање-па-земање“, односно “на ти го – дај ми го“ како што прават многумина.

Причини зошто ѝ подаруваме подароци на некоја личност

Причините зошто ѝ подаруваме на некоја личност може да ни кажат сѐ што треба да знаеме за нашиот однос со таа личност. Кога даваме затоа што сакаме нешто за возврат, тоа ни кажува дека врската е на некој начин зависна. Кога даваме затоа што се чувствуваме обврзани, тоа ни кажува дека врската нема автентичност. Ако купуваме нешто за оние за кои се грижиме додека чувствуваме лутина, фрустрација, огорченост или која било друга пониска емоција, тогаш тоа се енергиите што им ги даваме.

Со давање вредност на подароците, вие му пренесувате порака на примачот

Не е доцна да почнете да размислувате за давање подароци како јазик на вашата душа. Дадете вредност на вашите подароци, без разлика колку тие изгледаат едноставни. Со додавање вредност на подарокот, сакате да му пренесете порака на примачот, а таа порака е јасна. Таа порака е повеќе од искрена љубов и добри желби. Додека го барате или го правите вашиот подарок, можете да го исполните со вашите убави желби за добра волја, искрена и добра мисла, љубов и добро здравје.

Со самиот овој чин на давање, веднаш ќе ја почувствувате разликата во односот со тие луѓе. Нешто ќе се смени на подобро.

Тогаш ајде да направиме подобра промена во давањето заедно. Дозволете им на луѓето да бидат среќни, насмеани и сакани откако ќе го добијат вашиот подарок.