
Алчност има своја цена! Eдно глувче беше ставено на врвот од стаклена тегла преполна со житарки.
Сиротото глувче толку се израдува на ненадејното изобилство од житарки, што веднаш му исчезна секоја потреба да талка и да бара храна и веднаш почна да јаде без мерка.
Заслепено од слаткоста на богатството пред себе, престана да трага, престана да внимава како порано, престана да биде будно.
Но, тој заборави дека – Ништо не го убива живото суштество толку лесно како лебот што не мора да се заработи.
Ден по ден ги грицкаше зрната, сè додека неговите шепички не го допреа дното.
А дури тогаш, во мигот на последното зрно, го виде она што дотогаш не го забележувал:
– Стаклото околу себе и високиот раб на теглата што веќе не можеше да го допре.
Тогаш сфати дека изобилието било мамка, а удобноста – замка.
Сега неговиот живот зависеше од туѓа рака; од нечива добра волја да му фрли уште некое зрно, зашто храна повеќе немаше, а тој не беше во состојба да излезе сам.
Можеби зрното што ќе го добие понатаму нема да биде „негов избор“ – она што го намамило – но веќе не е во позиција да избира…
А кога суштеството ќе ја изгуби можноста да избира, го губи и достоинството на
слободата.
• Краткорочниот ужиток најбрзо се претвора во долгорочен оков.
Поуките од оваа приказна се стари колку и светот
• Сè што доаѓа без труд, најчесто крие цена што подоцна се плаќа.
Многумина спијат мислејќи дека уживаат, не знаејќи дека одамна се затворени во сопствените „стаклени тегли“ – навиките што ги успиваат и ги прават мрзливи.
– Ништо што дошло лесно не останува твое; сè што е премногу лесно, најчесто и не е дар, туку замка.
– Секој ја плаќа својата цена – порано или подоцна.
– Лакомоста за пари, за храна или за удобност секогаш доаѓа со сметка.
– Оној кој живее на готово, на туѓ грб или во леснотија, најчесто ја плаќа највисоката цена: зависноста, ограниченоста и губењето на сопствената слобода…итн.
