
Kora- Од остатоци до вредност. Неколку години како Infinity Divine создавам целосно рачни изработки од дрво. Тоа е уметност создадена со рака, љубов, време и емоција.. Во тој процес, но и пошироко во работата со дрво, наидов на дрвени остатоци и поинаков материјал што не можат да станат уметнички уникати на Infinity Divine, но имаат своја вредност.
Тука започнува КОРА.
КОРА е проект за циркуларна економија и едукација на млади, создаден под иницијатива на Infinity Divine и InoYouth-Innovation and Youth Куманово.
Во КОРА се работи со дрвени остатоци, од остатоци се создават вредности,
со рачна доработка,
со вклучување и едукација на млади,
и со јасна цел – минимален отпад.
Infinity Divine останува целосна рачна уметност.
КОРА е продолжение на истата грижа и одговорност.
Кора- Од остатоци до вредност
